
Волкановски почнува актерска кариера - ќе глуми во „Стритфајтер“
Филмот е трета адаптација во живо на истоимената славна франшиза за борбени игри, а која служи како рестартирање на филмската серија. Режисер е Јапонецот, Китао Сакураи, а сценариото е на Далас Масон.
Волкановски ќе го глуми Џо, а покрај него, во актерската екипа се уште неколку познати имиња, вклучувајќи го познатиот американски рапер, Фифти Сент (50 Cent). Промоцијата на филмот е закажана за 16 октомври 2026 година.