На Ѓорческа ѝ се насмевнува нов голем скок на ВТА листата

Најдобрата македонска тенисерка неделава блеска на турнир во Романија каде веќе стигна до полуфиналето и има голема шанса да стигне и до трофејот.

Од преостанатите четири тенисери, таа е најдобро рангирана и на ВТА листата и меѓу носителите бидејќи почна како трета фаворитка, а првите две веќе испаднаа. Досегашните победи ѝ обезбедија напредок на Ѓорческа на ВТА листата, а има шанса дополнително да го подобри својот пласман.

Со пласманот во полуфиналето, таа веќе скокна 20 места и на ВТА листата во живо се наоѓа на 262. позиција. Ако стигне до финалето, ќе напредува уште десетина места, а ако успее да го освои трофејот, ќе дојде до околу 240. место што би бил скок од околу 40 позиции. Од тенисерките што се пред неа, ниедна не е активна на некој турнир и тоа е уште една добра околност за Ѓорческа.