Вардар ќе ја пречека Македонија ЃП во вечерен термин, под рефлектори ќе се игра и во Битола!

Познати се термините за натпреварите од 5. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) кое ќе се одигра по репрезентативната пауза.

Колото ќе почне на 12. септември во петок со мечот меѓу Шкендија и Башкими кој е закажан за 15:30 часот.

Истиот ден во вечерен термин од 19 часот Вардар на Градски ќе ја пречека екипата на Македонија Ѓорче Петров.

Во сабота се играат два меча од 15:30 часот, во Кратово Силекс е домаќин на Работнички, а во Струмица Брера ќе го пречека Шкупи.

Тиквеш во недела од 15:30 часот ќе гостува кај Струга. А колото ќе биде комплетирано истиот ден кога под рефлектори од 19 часот Пелистер ќе биде домаќин на Арсими.

Инаку ова ќе биде и прв меч во Битола оваа сезона за Пелистер кој својот единствен домашен меч досега го одигра во Кавадарци за да се сочува теренот на стадионот „Петар Милошевски“ за мечот на младинските селекции на Македонија и Италија.

12.09. Шкендија - Башкими 15:30
12.09. Вардар - Македонија ЃП 19:00
13.09. Силекс - Работнички 15:30
13.09. Брера - Шупи 15:30
14.09. Струга - Тиквеш 15:30
14.09. Пелистер - Арсими 19:00