Надежите до 19 години подобри од БиХ во првата контролка!

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години со 2-0 ја совлада Босна и Херцеговина во првиот од двата пријателски натпревари. 

Двата гола беа дело на Стефан Младеновски, по еден во првиот и вториот дел. Денешниот натпревар се играше во Радовиш.

Резултатот беше отворен во 29. минута кога Терзиќ загуби една топка, ја зема Хоџа, додаде до Младеновски, а тој погоди за водство на Македонија од 1-0.

Босанците особено во вториот дел се обидуваа да изедначат, но не им успеваше.

Конечните 2-0 беа поставени во 89. минута кога беше досуден пенал за нас. Сигурен реализатор на белата точка беше Младеновски.

Вториот меч меѓу Македонија и Босна и Херцеговина се игра на 6. септември од 11 часот на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.