
Никој во Леверкузен не го сакал, Тен Хаг се скарал и со луѓето кои тој ги избрал
Реми, пораз и победа не се резултати по кои во нормални околности некој тренер веднаш би добил отказ, јасно е дека нешто се случувало и во позадина.
Според информциите на „Билд“, Тен Хаг не се согласувал со никој во клубот, дури ниту со луѓето кои тој ги избрал да му бидат помошници. Наводно, тој барал да се доведуваат фудбалери исклучиво само од агенцијата која го застапува и него.
Се пишува и дека атмосфераа во клубот била многу „ладна“ и тоа се пренело на односот со фудбалерите. Наводно, ниту тие не знаеле што треба да прават во текот на натпреварите, а некогаш не им било и јасно зошто Тен Хаг ги тера да прават склекови место фудбалски вежби.
Како што наведува „Билд“ во клубот го сметале Тен Хаг за најлошиот тренер во историјата на клубот.