
Спектакл на векот: Најдобрите Американци ќе играат против остатокот на светот!
Идејата е да настапат три екипи со по осум кошаркари – два американски тима и еден составен од интернационални играчи. Секоја средба би траела по 12 минути, а натпреварите би се играле како мини-турнир.Предлогот веќе бил разгледан на состанок на натпреварувачката комисија на НБА и добил позитивни реакции, иако конечна одлука сè уште нема.
Комесарот на лигата Адам Силвер и претседателот на операциите Бајрон Спруел уште во април најавија дека, заедно со новиот партнер „Ен-Би-Си“, се размислува за меѓународен формат на Ол-стар викендот. Настанот ќе се одржи на 15 февруари 2026 година, во новата арена на ЛА Клиперс, во текот на Зимските олимписки игри во Милано и Кортена. „Ен-Би-Си“ планира и промена на традиционалниот термин – натпреварот наместо навечер ќе се игра во недела попладне, во пауза меѓу олимписки преноси.
Силвер нагласи дека комбинацијата од меѓународниот карактер на НБА, олимпискиот контекст и новата сала во Лос Анџелес, отвораат можност за „свеж и глобален пристап“ кон олстар-викендот. Ваквиот потег доаѓа по примерот на НХЛ, која годинава организираше „Пресметка на 4 нации“ наместо класична олстар-средба, а финалето меѓу САД и Канада стана најгледаниот хокеј натпревар надвор од олимписката програма во историјата.
Фактите говорат во прилог на новиот концепт: четвртина од сегашните НБА играчи се родени надвор од САД, а последните осум сезони МВП наградата ја добиваа интернационални кошаркари – двапати и Никола Јокиќ. Од 2010 година наваму, на секој драфт имало најмалку десет таленти од странство.
ФОТО: EPA PHOTO