Финците имаат бизарно загревање на ЕП – си удираат шлаканици едни на други (ВИДЕО)

Српската кошаркарска репрезентација ја заврши групната фаза на второто место по поразот од Турција (90-95) и во осминафиналето на ЕП 2025 ќе игра против Финска, кои го привлекоа вниманието не само со добрата игра туку и со бизарниот ритуал пред натпреварите.

Кошаркарите на една од домашните селекции на континенталниот собир се мотивираат со шлаканици, кои си ги удираат едни на други. На виралната снимка се гледа како Јакоб Грандисон им приоѓа на соиграчите, им дели и прима шлаканица, додека остатокот од екипата скока и вика во ритам, создавајќи необична и енергична атмосфера пред почетокот на мечот.

Финците првата фаза од ЕП ја завршија на третото место во групата што се играше во Тампере, со скор 3-2.