
Пелистер се засили со американски бек кој доаѓа од Романија!
Станува збор за 29-годишен кошаркар, кој веднаш ќе му биде на располагање на тренерот Даскаловски. Прајс е вториот странец во редовите на „зелено-белите“ ова лето, по потписот на Никола Малешевиќ.
Тој минатата сезона ја мина во Романија, настапувајќи за Плоешти, каде имаше просек од 9,6 поени, 2,4 скокови и 1,3 асистенции по натпревар. Претходно играше три сезони во холандскиот Ден Бош, а бил дел и од израелските клубови Макаби Ранана и Ирони Нес Зиона. Своето европско искуство го започна во 2019 година со бугарскиот Берое.