Германскиот специјалист за одбрана го истрола Марканен: Ќе има кошмари од мене

Репрезентацијата на Германија ја потврди одличната форма на Европското првенство и со максимални 5/0 ја заврши групната фаза.

Синоќа со 91-61 ја победи Финска и си обезбеди дуел против Шведска во осминафиналето. Финците останаа без вообичаениот придонес на својот најдобар кошаркар Лаури Марканен кој остана на само 11 поени за што најзаслужен беше Исак Бонга. Играчот на Партизан му се „залепи“ на Марканен и буквално го заклучи, а по мечот му упати и жестока провокација.

„Се надевам дека ќе мисли на мене 24 часа и кога ќе спие, ќе има кошмари од мене“, рече Бонга кој не се истакна премногу во нападот (7 поени), но затоа ја заврши својата работа во одбраната.

Тој е добро познат по дефанзивата што е негова основна карактеристика и важи за еден од најдобрите одбранбени играчи во Европа.