
Меси ги дочека своите „пет минути“ и ги „пецна“ Бразилците
Играа „Гаучосите“ без Лионел Меси во составот, но тоа не ги спречи да слават победа од убедливи 4-1.
Иако, не беше на теренот Меси сепак по натпреварот се огласи преку Инстаграм и го „пецна“ големиот ривал порачувајќи дека тие зборуваат на терен.
„Дома или на гости, каде и да играме со оваа репрезентација секогаш зборувам преку фудбалот и на терен. Честитки на одличниот настап, како и на победата претходно над Уругвај претходно“, објави Меси.
Аргентина е лидер во групата од јужноамериканските квалификации, додека Бразил е петти, но сепак има шест бода повеќе од последната репрезентација која е „под цртата“.