
Maнчестер јунајтед избегна нова бламажа: Со пресврт го победи Хонг Конг (ВИДЕО)
Избраниците на Аморим имаа негатива од 1-0 по првото полувреме со голот на Жунињо, а на полувремето португалскиот стратег замен дури десет фудбалери.
Најзаслужен за пресвртот беше 17-годишниот Кидози Оби, додека еден гол беше дело на една година повозрасниот Ајден Хевен.
Ќе потсетиме, во првиот натпревар од подготовките „црвените ѓаволи“ беа поразени од селекцијата на фудбалери од Азија со 1-0.