Крај на сите шпекулации: Позната иднината на Роналдо!

По освојувањето на Лигата на Нации со Португалија, Кристијано Роналдо стави крај на сите шпеулации и потврди каде ќе игра следната сезона.

Се најавуваше дека Португалецот може да ја промени средината, меѓутоа тоа нема да се случи, иако како што самиот потврди контакти постоеле.

„Не можеш да добиеш се, мораше да размислуваш краткоочно и долгорочно. Одлучив да не одам на Светското клупско првенство, иако е вистина дека имав многу контакти“, истакна Португалецот.

Една од опциите за нова дестинација на Роналдо беше вториот саудиски клуб со големи амбиции, Ал-Хилал, но се споменуваа и клубови како: Бока Јуниорс, Ривер Плата, Казабланка...

„Ништо нема да се промени. Дали ќе бидам во Ал Наср и наредната сезона? Да“, изјави Роналдо.

Дресот на Ал-Наср Роналдо го носи од јануари 2023 година кога како најголемо име пристигна во саудиското првенство.