Каков ден за Ливерпул: Додека Вирц е на прегледи, договорено уште едно засилување

Додека Флоријан Вирц го завршува лекарските прегледи, Ливерпул договори и уште еден трансфер кој се најавуваше во изминатите денови.

Унгарскиот репрезентативец со српско потекло, Млош Керкез е нов фудбалер на шампионот на Англија.

Керкез уште претходно го имаше договорено своите услови со англискиот гигант, а денеска бил постигнат и договор помеѓу Ливерпул и Бормут. „Црвените“ за услугите на Керкез ќе платат сума од 40 милиони евра.

Во наредните денови дефанзивецот ќе ги помине лекарските прегледи, по што и официјално ќе се придружи на клубот од „Енфилд“, а негово пристигнување се очекува во вторник. Интересно е што за Ливерпул може да дебитира токму против Бормут со кого играат „црвените“ во првото коло.

Ќе потсетиме, во текот на денешниот ден треба да биде официјално претставен Вирц кој од вчера е во Англија и ги завршува медицинските прегледи.