Големиот талент на Ливерпул поради правилата на ФИФА прави изненадувачки трансфер?
Англискиот репрезентативец не добива шанса во Вила, а Шарлот е еден од ретките клубови во светот што би можеле да му понудат излезна опција уште во јануари. Елиот пристигна во Вила последниот ден од преодниот рок, на позајмица со обврска за откуп доколку одигра 10 натпревари. Сепак, досега има само пет настапи и не играл од септември, што покажува дека Вила нема намера да ја активира откупната клаузула.
Според правилата на ФИФА, фудбалер не смее да настапува за три клуба кои се натпреваруваат во календар лето–пролет. Бидејќи Елиот одигра една минута за Ливерпул пред заминувањето во Вила, поголемиот дел од европските лиги за него се затворени.
Сепак, американската МЛС функционира по поинаков календар, што му отвора врата на Шарлот да му понуди на Елиот потребна минутажа во пресрет на Светското првенство, доколку ниту Вила ниту Ливерпул не планираат да го користат во вториот дел од сезоната.