Фудбалскиот дедо не се откажува од фудбалот: Ќе наполни 54 години и доби нов договор

Казујоши Миура во февруари ќе наполни 54 години, но тоа не го спречува професионално да игра фудбал. Неговиот тим Јокохама му нуди нов договор на уште една сезона, што значи дека Јапонецот ќе игра до својата 55 година. 

Миура во 2017 година постигна гол против Теспакусатсу Гунма во рамки на Втората јапонска лига и стана најстариот стрелец во историјата на јапонскиот професионален фудбал со 50 години и 14 дена.

Тој е дел од Јокохама цели 17 години со една кратка позајмица во Сиднеј ФЦ. Интересно кариерата ја започна во Бразил во тимот на Сантос во 1986 година, а во оваа земја играше и за Палмеираш, Мацубара, Клуб де Регатас, Де Жау, Коритиба и во 1990 година повторно играше за Сантос. Потоа се врати во татковината во Јапонија и осум години играше за Кавасаки Верди. Една сезона (1994/1995) беше позајмен во Џенова, а во 1999 година се пресели во Динамо Загреб. Во 2000 играше за Кјото, па од 2001 до 2005 за Висек Кобе, по што потпиша за Јокохама. 

За јапонската фудбалска репрезентација има 89 настапи и постигнато 55 голови.