Екс-фудбалер од Премиер лигата доживеа тешка несреќа - го удрил камион додека помагал!

Поранешната ѕвезда на мароканскиот фудбал, Абдеслам Оуаду кој настапуваше и во Премиер лигата доживеа тешка несреќа додека помагал на жртва во сообраќајна несреќа.

Оуаду кој денес има 46 години во Англија го носеше дресот на Фулам каде што помина четири години, а денес е тренер на тимот на Орландо Пирејтс од Јужна Африка.

Имено, додека се враќал од натпревар со членовите на својот стручен штаб, Оуаду застанал да помогне на повредени во сообраќајна несреќа, но тогаш бил удрен од камион.

Поранешниот фудбалер на Фулам веднаш заедно со уште пет лица бил пренесен во болница каде што им била укажана помош. Несреќата која се случила во неделата ја потврдија и од тимот на Орландо, но повеќе информации за состојбатата не откриваат.

Фото: Orlando Pirates/X