
„Џентлменски договор“ за Ѓокереш не постои, но Спортинг нема да бара 100 милиони евра
Се пишуваше дека Ѓокереш може да го напушти Спортинг за сума од 60 милиони евра, плус десет преку бонуси, но тоа нема да се случи.
„Можам да ви гарантирам дека таков договор не постои, не сум ветил ништо такво на никого. До денес Спортинг не добил ниту една понуда за Ѓокереш“, потенцираше Варандаш на конференцијата за медиумите.
Зад себе Ѓокереш има фантастична сезона во која постигна 97 голови на 102 натпревари во последните две сезони. Најчесто се поврзуваше со екипите на Манчестер јунајтед и Арсенал, а во неговиот договор постои откупна клазула од 100 милиони евра.
Единствената отстапка на која се согласаил Варандаш била дека нема да инсистира на целиот износ од клазулата.
„Една од најголемите грижи за неговиот агент беше дека ќе го бараме полниот износ за раскин наговорот. Тој сакаше гаранции и договорено е дека Спртинг нема да ги бара тие 100 милиони евра“, наведе Варандаш.