Џек Вилшер стана тренер во Чемпионшип

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Џек Билшер во преостанатите два натпревари од Чемпионшип како главен тренер ќе го предводи Норич кој се раздели со досегашниот стратег Јоханес Хоф Торуп. 

Од клубот замина и помошниот тренер Глен Рајдерсхолм, а клубот се одлучи Вилшер да го предводи тимот во следните два натпревари. Во неговиот стручен штаб ќе бидат Тони Робертс и Ник Стенли.

Норич најави и дека ја продолжува потрагата за конечно решение на клупата.

„Иако ова именување го направивме со долгoročен фокус и во согласност со нашата поширока клупска стратегија и правец, за жал последните резултати и настапи ни наметнаа потреба за промена. Сакам да изразам искрена благодарност кон Јоханес и Глен. Двајцата се фантастични луѓе кои неуморно работеа на напредокот на нашиот фудбалски клуб. Сите им посакуваме се најдобро во следната фаза од нивните кариери“, изјави спортскиот директор на Норич, Бен Непер.

Јоханес Хоф Торуп пристигна во Норич на 30 мај минатата година, кога потпиша тригодишен договор со англискиот клуб.

Фото: Arsenal.com