Два гола и асистенција на Миовски за прва победа на Абердин во шкотската лига! (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски даде два гола во победата на Абердин над Рос Каунти од 4-0, имаше и една асистенција, ова беше прв триумф за нив во шкотската лига оваа сезона.

Абердин има лош старт на сезоната, но Миовски не. Македонецот продолжува да ги тресе противничките мрежи и да го привлекува вниманието на себе.

Денеска беше двоен стрелец против Рос Каунти, тој ја отвори серијата погодоци во 21. минута и ја затвори во 52. минута кога ги постави конечните 4-0. Покрај двата гола тој направи и една асистенција.

По шест одиграни кола оваа сезона во најдобрата шкотска лига, Абердин е претпоследен со пет освоени бода.