Челси работи со полна пареа: Го потврди новото засилување и се ослободи од Џексон!

Во Челси се работи со полна парера во последниот ден од преодниот рок, па така „сините“ предмалку го потврдија ангажманот на 20-годишниот Факундо Буанаоте, но и потигнаа договор со Баерн за преселба на Николас Џексон во Минген.

Бунаноте кој минатата сезона ја помина во Лестер пристигнува од Брајтон како позајмен фудбалер и ќе го засили офанзивниот дел од тимот. Аргентинецот може да игра како „десетка“, но и како крило.

Џексон од друга страна се сели во Баерн кој исто така го позајми, меѓутоа со обврска за откуп во 2016 година. Сумата за откупот не се открива, но е познато дека само за позајмицата „сините“ ќе добијат 15 милиони евра.