Бока не сака вечерва да игра на „Монументал“, а бара и казна за Ривер!

Вечерва треба да се одигра реваншот во Копа Либертадорес помеѓу Ривер плејт и Бока јуниорс, но по вчерашните инциденти мала е веројатноста тоа да се случи, иако КОНМЕБОЛ притиска средбата да се игра денеска.

Бока официјално побара преку соопштение од КОНМЕБОЛ да биде одложен реваншот во финалето од Копа Либертадорес.

„Бока официјално побара од КОНМЕБОЛ да се одложи финалето во Копа Либертадорес додека не се безбедат услови за игра, како што претходно се договоривме со Ривер во саботата“, пишува во соопштението.

Меѓутоа, неколку минути претходно претседателот на КОНМЕБОЛ, Алехандро Домингез во официјална изјава за „Фокс“ кажа дека натпреварот ќе се игра.

„Ќе се игра вечерва од 21 часот и ништо нема да влијае на таа одлука, ние сме во непријатна ситуација, но камењата ништо нема да решат. Вчера попладне Бока побара да биде одложен дуелот поради инцидентот и беше поставен за приоритет да се игра натпреварот кога ќе бидат создадени услови“, кажа Алехандро.

Исто така, Бока бара од КОНМЕБОЛ да го казни и Ривер, освен тоа што треба да го одложи натпреварот.