Аргентина преку Австралија го продолжи патот на СП, следна е Холандија (ВИДЕО)

Аргентина со 2-1 ја совлада Австралија во осминафиналето на Светското првенство и закажа пресметка со Холандија во четвртфиналето, Лео Меси постигна гол на својот 1.000ти натпревар во кариерата.

Аргентина ја оправда улогата на фаворит и ја помина Австралија, но мечот имаше интересен финиш во кој Меси и соиграчите требаше добро да се испотат за да ја задржат предноста.
 
Натпреварот го отвори Меси со гол во 35. минута, ова за него беше погодок во јубилејниот 1.000 натпревар кој го играше денес.
Тој резултат беше актуелен до 57. минута кога Алварез постигна гол за водство од 2-0. Аргентина веќе создаде значителна предност.
Но Австралија успеа да се врати во игра, во 77. минута Гудвин шутираше, топката го удри Фернандез и заврши зад грбот на Мартинез, резултатот беше 2-1 за интересен финиш.
Брзо потоа Бехич имаше одлична шанса за гол, но Лисандро Мартинез го блокираше неговиот удар и спречи израмнување. Аргентина се одбрани.
 
Во последните неколку минути Аргентина имаше шанси преку Лаутаро Мартинез да постигне и трет гол, но напаѓачот на Интер не беше на висина на задачата.
 
Аргентина победи со 2-1, во четвртфиналето ќе игра против Холандија која денеска беше подобра од САД.