Талин двапати сме го освоиле, ама со Естонија еднаш и се – изгоревме (ВИДЕО)

Селекцијата на Естонија е најслабиот противник во оваа наша група во Ц-дивизијата од втората сезона во Лигата на нации, па денеска Македонија гостува во Талин во атак по нова победа за да го задржи првото место и тоа ќе биде петта пресметка со оваа балтичка селекција во историјата.

Со Естонците досега сме играче четирипати, ама еднаш и се „изгоревме“ и тоа пред 13 години, кога ремизиравме 1-1 во Скопје во квалификации за Европското првенство во 2008 година, под палката на Словенецот Среќко Катанец, под чие водство Македонија го има најдобриот пласман на ФИФА-листата. Тој меч треба да биде поука за македонските фудбалери, иако од таа генерација, во составот нема ниту еден (не играше Горан Пандев), а стрелец на голот за нашата селекција беше Горан Мазнов.

Претходно во три меча до овој кикс, Македонија имаше три победи во три меча, почнувајќи од 1994 година (1 јуни), кога Зоран Бошковски – Чоко и Драги Канатларовски – Цапар беа стрелци во пријателски меч.

Во 2006 година (11 јуни), во Талин ги наполнивме со 4-2 во вториот пријателски меч, кога Пандев беше еден од четворицата стрелци, а голови дадоа и Гоце Седлоски, Горан Попов и Влатко Гроздановски.

Третата победа е на 16 август 2006 година, исто така во Талин, кога Гоце Седлоски во квалификациски меч даде гол за минимален триумф со 1-0.

Севкупно во четири меча имаме три победи и реми со гол-разлика 8-3, а сега и сериозна разлика во квалитет меѓу нашата и естонската селекција, па сме апсолутни фаворити за триумф, нешто што сепак ќе треба да се покаже на теренот на „А Ле Кок Арената“ во естонската престолнина.