![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2021/06/13/150658-politichari-uchete-koga-igra-makedonija-sme-od-ista-vera-i-nacija-obedineti-foto.jpg?itok=xkg5yQ9i)
Политичари учете: Кога игра Македонија сите с(м)е од иста вера и националност - обединети (ФОТО)
Колку и да се обидуваа политичарите во последните три децении да ги разгорат националните страсти и да ги поделат тие што живеат во нашата држава, ваквите спортски настани се примери на кои треба да учат за меѓусебно почитување, разбирање и секако, љубов кон матичната држава. Така воопшто не е изненадување да се видат тројца другари од македонската, албанска и турска националност како заеднички доаѓаат во романската престолнина за заедно да гинат на трибините за Пандев, Елмас, Алиоски, Адеми, Барди и останатите избраниците на селекторот Игор Ангеловски.
Сето ова е само доказ дека нема ништо подобро за една држава од квалитетен спорт и успеси на голема сцена, кои дефинитивно ги истакнуваат вистинските вредности на сите Македонци, без разлика на националната и верска припадност