Огромно признание: Димитриевски минатото коло бил најдобар голман во цел – свет (ФОТО)

Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски и понатаму добива признанија за фантастичната партија во неделата на гостувањето на Рајо Валјекано кај Лас Палмас (1-0), па денеска се најде дури и во најдобриот состав на колото на реномираната компанија „ЕА Спортс“, која стои зад светски популарната игра ФИФА.

Водени од реалните перформанси на фудбалерите, нашиот чувар на мрежата се најде во тимот на шестата рунда и тоа како единствен голман, поради што може да се каже дека минатиот викенд имал најдобра партија од сите на негова позиција во целиот свет. Луѓето од „ЕА Спорт“ при правењето на овој состав ги користат перформансите на најдобрите лиги не само од Европа туку од целиот свет, поради што ова признание го прави уште позначајно.

Димитриевски во првото полувреме одбрани пенал, а имаше уште неколку фантастични интервенции, поради што беше херој во триумфот на Рајо, а средбата ја заврши како убедливо најдобро оценет фудбалер на теренот (8,6).