
Челси ќе мора да плати милиони за да му го врати Санчо на Јунајтед!
Лондонци поради тоа се должни да платат пет милиони фунти на „црвените ѓаволи“ поради клаузула што се активира доколку не се реализира откупот на играчот. Санчо во Челси пристигна минатото лето како позајмен играч, поради нарушени односи со менаџерот Ерик тен Хаг во Јунајтед. И покрај надежите дека ќе се врати во форма, крилниот напаѓач не успеа да се наметне и да ги убеди челниците на „сините“ да го задржат.
Кога го донесоа во тимот, Челси прифати да ја покрива половина од неговата плата, која изнесува 300.000 фунти неделно. Санчо беше ангажиран од Манчестер Јунајтед во 2021 година за 73 милиони фунти, но досега не ги исполни очекувањата на „Олд Трафорд“. Сега, по повратокот од Лондон, неговата иднина повторно е неизвесна.
ФОТО: EPA PHOTO