Класата е вечна: Старецот Ѓоковиќ со подвиг на кој се чекаше 57 години на Ролан Гарос!

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, уште еднаш влезе во историјата на тенисот, откако со победата над Александар Зверев (4-6, 6-3, 6-2, 6-4) се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос и тоа по 13-ти пат во својата кариера.

Србинот со овој триумф стана втор највозрасен полуфиналист во Париз во Опен ерата, зад легендарниот Ричард „Панчо“ Гонзалес, кој во 1968 година го оствари истиот успех на 40-годишна возраст. Покрај тоа, тој е и највозрасниот тенисер што победил играч од Топ 10 на земјена подлога, по Кен Роузвел, кој во 1975 година го совлада Илие Настасе.

 

 

Ѓоковиќ со пласманот во полуфиналето дојде и до своето 51-во учество во полуфинале на гренслем-турнир, што е апсолутен рекорд. Претходниот рекордер беше Роџер Федерер со 46 полуфиналиња на 81 гренд слем настап, додека Ѓоковиќ има само 78 учества.

Популарниот Ноле со ова уште еднаш покажа дека и на 38 години е во врвна форма и дека продолжува да поставува нови стандарди во светскиот тенис, кои долго по него никој нема да може да ги достигне.