
Бомба од Белград: Ц. Звезда пред потпис со капитенот на Барса – освојувач на ЛШ!
Белграѓани би можеле значително да се засилат пред квалификациите за Лигата на шампионите, а договорот со 18-годишниот напаѓач е речиси финализиран, пренесуваат шпанските медиуми. Според новинарот Анхел Гарсија, Алба е блиску до потпис со белградскиот клуб, откако со Барселона го освои трофејот во младинската Лига на шампиони. Во текот на натпреварувањето тој настапи на 10 натпревари, постигна пет голови и еднаш асистираше.
Тој беше капитен на тимот, секогаш кога беше стартер, што сведочи за неговиот лидерски квалитет. Барселона сериозно го сфаќа ова натпреварување, каде нејзината прочуена академија „Ла Масија“ повторно докажа зошто е синоним за врвна фудбалска школа. Роден е во 2006 година во градот Петрел, близу Аликанте. Почетоците му се во клубот Елче, но последните шест години ги помина во младите категории на Барселона. Сепак, без понуда за професионален договор од каталонскиот гигант, Алба е подготвен за нов предизвик во кариерата.
За разлика од неговите врсници како Ламин Јамал и Пау Кубарси, кои веќе играат за првиот тим, Алба не доби таква можност. Црвена звезда, која веќе еднаш ја почувствувала неговата голгетерска вештина во младинската ЛШ, сега има шанса да го ангажира без оштета.
Аналитичарите веќе го споредуваат неговиот случај со оној на Дани Олмо, кој исто така не доби шанса во Барселона, но блесна во Динамо Загреб и потоа направи голем трансфер во Лајпциг, а подоцна повторно беше вратен во Барса за 60 милиони евра.
ФОТО: EPA PHOTO