
Алкалоид: Трофејот заслужено е во нашите раце – резултат на страста и напорната работа!
Честитки на адреса на „фармацевтите“ пристигнуваа од сите страни, а и тие самите изразија огромно задоволство од круната на сезоната.
„Ова е уште една потврда за големиот успех и за квалитетот на нашиот тим и на македонскиот ракомет! По извојуваната победа во Атина во првиот дуел, противникот АЕК одби да го одигра реванш-натпреварот во Скопје од свои причини. По разгледувањето на сите случувања и докази, ЕХФ донесе одлука за службена победа за Алкалоид. Трофејот од Европскиот куп заслужено ќе биде во нашите витрини! Честитки до нашите херои на теренот! Ова е резултат на страста, напорната тимска работа, пожртвуваноста и на непоколебливата верба“, велат од таборот на Алкалоид.
Составот од Автокоманда стана трет македонски тим со европски трофеј, по Кометал ЃП и Вардар.