Меси се подготвува да го напушти Интер Мајами и да си ја исполни најголемата желба

Најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси ќе ја доигра оваа сезона во Лос Анџелес Галакси и ќе си замине оттаму, тврдат медиумите во Аргентина.

Негова следна дестинација ќе биде татковината каде ќе игра за првпат ккако професионалец и тоа во матичниот Њуелс Олд Бојс. Наводно, Меси не ја прифатил одлуката да го продолжи договорот со Интер Мајами и покрај тоа што се очекуваше да остане барем уште една сезона во МЛС.

Преку трансферот во Њуелс Олд Бојс, тој ќе се обиде крене атмосферата во Аргентина пред Светското првенство на кое „гаучосите“ ќе ја бранат шампионската титула од Катар. Тоа ќе биде негов последен настап на големите натпреварувања, а не е исклучено на крајот од идната година и да замине во пензија.