„Новата“ сала на Работички ќе го носи името на легендарниот Лазар Лечиќ!

Реконструраната сала на Работнички, која се очекува да биде пуштена во употреба на почетокот од идната сезона, речиси сигурно ќе го носи името на таткото на македонската кошарка и творецот на овој клуб – легендарниот Лазар Лечиќ.

Ова денеска го откри градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, на средбата со поранешните ведети на тимот од „Градскски парк“ одржана во култната слаткарница „Апче“.

„Во срцето на Дебар Маало се сретнав со ветераните на Работнички, Драган Радосављевиќ, Ристо Ѓорчевски, Томе Димишковски и Огнен Герасимовски, со кои дискутиравме за славните денови, за сегашните состојби и за иднината на клубот. Предложив реконструираната сала да го носи името на Лазар Лечиќ, творецот на македонската кошарка, под чие водство Работнички ги освои титулите во 1963 и 1964 година и се пресели во Првата сојузна лига. Среќен сум што ветераните едногласно го поддржаа предлогот, велејќи дека Лечиќ е човекот што н ѐ научи да играме со срце и тимски дух. Во знак на благодарност за сѐ што направија, ветераните ќе имаат и своја ложа наменета токму за нив“, напиша Герасимовски.

Со името на Лечиќ почнува и животот на Работнички, кој под негово водство долги години беше тврд орев за најголемите клубови во поранешна СФР Југославија, во лига која важеше за една од најдобрите во Европа. Тој беше на клупата на центарци во периодот од 1962 до 1972 година, а потоа и меѓу 1975 и 1978 година, а во неколку наврати ја имаше и улогата на спортски директор. Популарниот Грк почина лани во август на 85-годишна возраст.