
Швјонтек обезбеди полуфинале во обидот четврти пат по ред да слави на Ролан Гарос!
Мечот траеше точно 100 минути, а Полјачката доминираше во првиот сет, обезбедувајќи два брејка за убедливи 6-1. Свитолина, која се наоѓа на 14. место на ВТА-листата, во вториот сет се обиде да се врати, но не успеа да ја задржи предноста. Украинката прва направи брејк во вториот сет и поведе со 3-1, но Швјонтек брзо израмни на 3-3. Играта продолжи израмнето до 5-5, кога Швјонтек направи клучен брејк и потоа со сигурен сервис го затвори сетот со 7-5.
Таа во полуфиналето ќе се соочи со Белорусинката Арина Сабаленка, која претходно ја елиминираше кинеската тенисерка Чинвен Жен со 7-6, 6-3. Швјонтек е петта на светската ранг-листа и досега има освоено четири титули на Ролан Гарос – во 2020, 2022, 2023 и 2024 година.
ФОТО: EPA PHOTO