
Обложувалниците немаат дилеми: Има еден фаворит за „Златната топка“
Иако има уште многу време, бидејќите сезоната заврши обложувалниците веќе имаат свои претпоставки за тоа кој фудбалер има најголеми шанси да ја освои.
Според нив, најголемиот фаворит е напаѓачот на Пари Сен Жермен, Осман Дембеле. Во сезоната која е зад нас, Дембеле беше клучен играч за ПСЖ, кој ги освои сите клупски натпреварувања во кои се натпреваруваше (Купот на Франција, Лига 1, Лигата на шампионите и Суперкупот на Франција).
Кога е индивидуалниот учинок во прашање Французинот на 49 настапи, постигна 33 гола и запиша 15 асистенции. Коефициентот за него во скоро сите водечки обложувалници е 1,40, што го прави голем фаворит за освојување на наградата.
На второ место, со коефициент 3,75, е младиот талент Ламин Јамал, кој во оваа сезона во 55 настапи постигна 18 гола и 25 асистенции. Со Барселона, Јамал ја освои Ла Лига, Купот на Шпанија и Суперкуп. покажувајќи дека има потенцијал да доминира на фудбалската сцена во иднина.
Зад Јамал се наоѓа неговиот соиграч Рафиња кој има и уште подобра индивидуална статистика, 57 настапи, 34 гола и 25 асистенции. Но, коефициентот за него е повисок и изнесува 12..
На истото ниво со Рафиња, со коефициент 13, се наоѓа и Мохамед Салах, кој со Ливерпул ја освои Англиската Премиер Лига. Египќанецот во 52 натпревари постигна 34 гола и забележа 23 асистенции. Петти фаворит со коефициент 15 е соиграчот на Дембеле во ПСЖ, Квича Кварацхелија, кој на 44 настапи, постигна 12 гола и додаде девет асистенции.