
ИФАБ го промени правилото кое на Реал му помогна против Атлетико
Според новата одлука, ако фудбалерот при изведување на пенал случајно двапати ја допре топката, а таа заврши во мрежата, наместо да биде поништен голот, пеналот ќе се повтори. Оваа измена доаѓа неколку месеци по контроверзниот случај на Алварез поради кој, Атлетико можеби и беше елиминиран.
Да се потсетиме: на 12 март годинава, во реванш-дуелот од осминафиналето на Лигата на шампионите, мадридските ривали влегоа во директна пресметка. „Јорганџиите“ славеа со 1-0, што беше доволно за израмнување на вкупниот резултат по поразот од 2-1 на „Бернабеу“, па се премина на изведување пенали.
Првите три удари беа реализирани, по што до белата точка пристапи аргентинскиот репрезентативец. Алварез погоди и тргна да слави, но судијата Симон Марчинјак доби сигнал од ВАР собата. По прегледување на снимката беше утврдено дека при изведувањето на пеналот во моментот кога се лизнал, Алварез двапати ја допрел топката и поради тогашните правила голот беше поништен.
Овој момент се покажа клучен, „кралевите“ на крајот победија со 4-2, но подоцна беа елиминирани во четвртфиналето од Арсенал. Контроверзниот момент предизвика бурни реакции и поделени мислења.
UEFA have provided footage showing Julian Alvarez making "minimal" contact with the ball during his penalty against Real Madrid.
— ESPN FC (@ESPNFC) March 13, 2025
(via @UEFA) pic.twitter.com/FxH6MBzA8L