Леверкузен ја одредил цената: За Вирц 135 милиони евра не се доволни!

Германскиот офанзивен играч за врска Флориан Вирц (22) е блиску до трансфер во Ливерпул, откако ги договорил личните услови со англискиот гигант, но преговорите со Леверкузен не одат така лесно

Според последните информациите, Ливерпул понудил 135 милиони евра за ѕвездата на Баер Леверкузен, но понудата била одбиена. Германскиот клуб цврсто стои на ставот дека Вирц нема да замине за сума пониска од 150 милиони евра.

Ова не би бил прв трансфер меѓу двата клуба ова лето, Ливерпул веќе го ангажираше холандскиот бек Жермејн Фримпонг за 40 милиони евра. Но, Вирц е фудбалер кој блеска веќе две сезони и беше веројатно најзаслужните за успехот на германскиот гигант, па поради тоа во клубот сакаат скапо да го наплатат неговото заминување. 

И покрај интересот од неколку клубови, Ливерпул има предност во преговорите, меѓутоа Леверкузен нема намера да попушти, талентираниот офанзивец ќе замине само доколку се исплати бараниот износ.

Доколку „црвените“ на крајот ја бараната сума Вирц би станал најскапиот во историјата на гигантот од „Енфилд“. 

Фото: Bayer 04 Leverkusen/FB