Еден трансфер на Ливерпул ќе ја промени иднината на аматерски клуб од Ирска

Според последните информации, Ливерпул ја договори продажбата на голманот Келехер (26) во Брендфорд за сума која со бонуси достигнува 18 милиони фунти, односно нешто повеќе од 21 милион евра

Но, 20% од целата сума ќе добие  клубот каде што Келехер ги направи првите чекори на зелениот терен. 

Келехер потекнува од Рингмахон Рејнџерс, ирски клуб од трета лига. Ирскиот клубски фудбал не е толку развиен како во Шкотска и Англија, па за Рингмахон ова ќе биде огромен приход. Пресметано, тие ќе добијат околу три милиони евра, а доколку се остварат и бонусите од целиот трансфер, клубот може да заработи и повеќе од четири милиони.

За споредба, британските медиуми објавија дека Рингмахон го продал Келехер во Ливерпул за само 15 илјади евра, а преку разни бонуси, вклучувајќи и настапите за ирската репрезентација, клубот од „Енфилд“ заработил уште околу 150 илјади евра. И тоа веќе било голема сума за овој мал ирски клуб, а сега ирските медиуми пишуваат дека оваа продажба ќе го „финансиски обезбеди клубот за следните децении“.

Келехер го напушти Рингмахон како 17-годишник и во Ливерпул пристигна пред десет години. На „Енфилд“ помина голем дел од својата кариера, а последните години се наметна како првата замена за Алисон.Вкупно Келехер на голот на „црвените“ има 67 настапи и 22 настапи за ирската репрезентација.

Фото: Liverpool FC/X