
Митровски потпиша за Олимпија и стана најскап играч во клупската историја!
Се претпоставува дека Олимпија платила над 800.000 евра – повеќе од досегашниот рекордер, Нигериецот Блесинг Елеке, кого во 2016 година го купи за 750.000 евра, а потоа го продадоа на Локомотив Москва за пет милиони евра. Митровски потпиша договор до летото 2028 година и во тимот ќе ја пополни позицијата на десно крило, каде што досега настапуваше Раул Флоруц, кој се очекува наскоро да се пресели во странство.
Македонскиот фудбалер минатата сезона одигра 28 натпревари за Вараждин и постигна осум голови. Неговата пазарна вредност се проценува на 1,5 милиони евра. За македонската репрезентација има осум настапи, а во Вараждин пристигна во јануари 2023 година од редовите на македонската Брера. Претходно во кариерата настапувал и за Работнички, Ханза Росток, Магдебург и Спортинг Лисабон.