
Македонија не знае за пораз цела година - има седум победи во 10 меча!
Избраниците на Благоја Милевски последен пат загубија од Чешка (1-2) на пријателски меч одигран пред една година, по што следеше неверојатен период од седум победи и три ремија.
Македонија ремизира против Белгија, Велс и Фарски Острови, меѓутоа ги победи Летонија (1-0 и 3-0), Ерменија (2-0 и 2-0), Лихтенштајн (3-0), Фарски Острови (1-0) и Казахстан (1-0).
Нашата репрезентација е на првото место во групата Ј и има осум бодови од четири одиграни меча, по што следи Велс со седум поени, Казахстан има три, Белгија еден и Лихтенштајн е без поени.