Македонската фудбалска репрезентација се наоѓа во извонредна форма, а тоа го покажа на тешкото гостување во Астана каде што го совлада Казахстан со 1-0 и го презема лидерското место во групата Ј во квалификациите за Светското првенство (СП).

Сонот на репрезентативците и цела Македонија е пласман за првпат на натпреварувањето, каде што се собираат најсилните селекции од светот, а засега избраниците на Благоја Милевски чекорат кон остварување на целта.