
Луда работа: Фанови на Роналдо го нападнаа Рибери (ВИДЕО)
Инцидентот се случи како последица на реакцијата на Рибери кој се огласи на Инстаграм откако Роналдо изјави дека Златната топка би требало да ја освои фудбалер кој во тековната година со својот тим триумфирал во Лигата на шампионите. Французинот потсети на 2013 година кога Златната топка ја освои Роналдо и стана прв фудбалер во историјата кој го добил ова признание без ниеден трофеј на клупско или репрезентативно ниво. За разлика од него, Рибери таа сезона со Баерн освои тројна круна.
Сепак, поранешниот плејмејкер не се вознемири од нападите на фановите на Роналдо. Всушност, беше мошне расположен, гестикулираше кон нив и ги снимаше додека тие скандираа против него и за својот идол.