
Пикси пак се изнервира на прес-конференција: Не сум јас виновен што си глупав
Откако даде дрска изјава по натпреварот против Албанија во саботата, кога им порача на љубителите на фудбалот во земјата да си најдат друг селектор ако не им се допаѓа играта на националниот тим, денеска, на нова прес-конференција повторно „заблеска“. Србија утре игра против Андора и нема право на кикс ако сака да ги задржи шансите за пласман на Светското првенство.
„Јас сум многу стрплив човек и не носам одлуки преку ноќ. Притисок не поднесувам, особено од тотални незнајковци. Кога ќе се донесе одлука, таа има смисла. Ме нервира кога некој ќе ми каже дека не ги разбира моите замени. Мајстори, јас ли сум виновен што не разбираш и што си глупав? Јас немам време да ти објаснувам зошто правам измени“, рече, меѓу другото, Стојковиќ.
Иако играта е далеку од очекувањата и желбите, српската репрезентација се бори за настап на трето големо натпреварување по ред што не се случило по распадот на Југославија.