Грузија ги „удави“ Бугарите, им даваше гол секоја минута!

Европското првенство (ЕП) во ватерполо ќе се одржи во Белград во јануари 2026 година, а засега се познати само дел од учесниците, додека останатите ќе бидат познати по квалификациите кои се во тек и на кои нашиот источен сосед Бугарија доживеа неверојатен дебакл против Грузија (10-41).

Источните соседи очигледно не ги бива за спортови во вода, а тоа им го покажа Грузија која им даваше гол секоја минута, па по четвртини резултатот гласеше: 10-3, 11-3, 10-2 и 10-2.

Пласман на ЕП 2026 веќе обезбедија осум репрезентации, меѓу кои се Србија, Хрватска, Италија, Унгарија, Грција, Црна Гора, Романија и Шпанија.

Фото: Facebook/Bulgarian Water Polo Federation - Българска Федерация Водна топка