Барди: Горд сум на момците, треба вака да продолжиме!

Македонија го преживеа пеколот во Астана, каде што Казахстан покажа дека е незгоден ривал, меѓутоа нашата репрезентација успеа да ги освои бодовите.

Капитенот на репрезентацијата, Енис Барди кажа дека е горд што е дел од оваа репрезентација на Македонија и се надева дека ќе продолжат со добрите резултати.

„Знаевме дека ова ќе биде еден од најтешките натпревари во квалификациите, но ги освоивме трите бодови и тоа ни дава можност да сонуваме за пласман на Светско првенство. Горд сум на сите момци, треба вака да продолжиме. Горд сум што сум дел од оваа генерација“, кажа Барди.

Македонија со осум бодови го презема првото место во групата Ј и има еден поен повеќе од Велс.