Деспотовски: Оваа победа во Казахстан е многу важна за нас!

Македонија ја оствари целта на гостувањето кај Казахстан и ја запиша посакуваната победа во четвртото коло од квалификациите за Светското првенство (СП).

Младиот македонски фудбалер Стефан Деспотовски по натпреварот кажа дека е среќен поради неговото деби во дресот на националниот тим.

„Се чувствувам прекрасно, првпат играм за Македонија. Успеавме да го решиме натпреварот во наша корист, иако беше навистина тешко на теренот. Ќе ми биде чест ако повторно играм за овој дрес. Покажавме дека можеме да играме против многу подобри селекции. Оваа победа во Астана е многу важна за нас“, кажа Деспотовски.

По четири одиграни натпревари во групата Ј, Македонија е прва со осум бодови, по што следи Велс со седум и Казахстан со три поени, Белгија има еден, а Лихтенштајн е без освоен бод.