Секуловски се врати во Битола, ќе биде координатор на младинците на Пелистер

Поранешниот тренер на Пелистер, Марјан Секуловски се врати во битолскиот тим, каде што во иднина ќе ја извршува функцијата на координатор на младинската школа.

Секуловски доаѓа на местото на Златко Цветановски, а клубот верува дека ќе помогне во реорганизација на академијата на Пелистер.

„ФК Пелистер ја започна реорганизацијата по најавената промена во структурите на клубот. Клубот го именува Марјан Секуловски за нов координатор на школата на клубот и тој ќе го заземе местото на Златко Цветановски“, соопштија битолчани.

Пелистер ја заврши сезоната на шестата позиција во Првата лига со 39 освоени бодови.