Три нови правила се воведуваат на Светското клупско првенство

Светското клупско првенство ќе се игра од 14 јуни до 13 јули годинава, а на него ќе настапат 32 екипи од целиот свет и исто така ќе бидат воведени три нови правила.

Одлуката на ВАР-собата во иднина ќе се следи на големи екрани. Гледачите ќе можат да видат што се случува и да бидат сведоци на носењето на важни одлуки на судиите.

Главниот судија ќе носи камера на дресот за да се погледне неговиот преглед на игра, односно да се види каков поглед имал во одредена ситуација. Снимките направени со малата камера ќе се пуштаат за време на преносот на телевизија.

Полуавтоматски систем за одредување на офсајд. Ова веќе се тестира во одредени лиги, меѓутоа сега ќе бидат воведени многу повеќе камери, сензор за топката поврзан со вештачка интелигенција, како и систем за следење на фудбалерите и топката.