Зидан: Преку глава ми е да слушам како Реал победувал со судии

Реал Мадрид два натпревари по ред во Ла Лига благодарение на удари од белата точка. Минатото коло на ваков начин славеше против Хетафе, а денеска и против Атлетик Билбао.

Дел од јавноста смета дека „кралевите“ имаат привилигирана положба кај судиите, па добиваат пенали, што за други клубови можеби не би биле досудени. На ваквите притисоци реагираше и Зинедин Зидан по дуелот во Билбао.

„Навистина ми е преку глава да слушам дека сме победувале благодарение на судиите. Тоа нема да се смени, но играчите заслужуваат секаква почит. Никој нема да не измести од нашите амбиции и цели“, изјави Зидан.

Французинот најави дека неговиот тим и покрај седумте победи на седумте натпревари по рестартот на сезоната не размислува на титулата. Кога математички ќе биде обезбедена тогаш неговиот тим ќе може да се опушти, засега тоа не е случај.