
Заниоло пијан уринирал во соблекувалната на Рома и претепал двајца младинци
Инцидентот се случил по мечот меѓу младинците на Рома и Фиорентина. Виолетовите победиле со 2-1, а Заниоло потоа беснеел. Тој го гледал мечот во живо, а потоа нелегално влегол во соблекувалната на Рома и направил вистински хаос.
„Вечерта на 26 мај, по полуфиналниот натпревар од Примавера помеѓу Фиорентина и Рома на Виола Парк, Николо Заниоло (прв тим на Фиорентина) нелегално влегол во соблекувалната на Рома придружуван од соработник, иако немал акредитација.
Сведоци изјавиле дека Заниоло изгледал видно пијан. Тој уринирал во просториите на Рома, ги провоцирал играчите, и без никаква вербална расправија, физички го удрил Матија Алмавива и насилно го турнал Марко Лити врз клупа.
Лити неодамна имал операција на рамо. Двајцата играчи завршиле во болница: Алмавива добил прогноза за опоравување од 10 дена, а Лити 21 ден.
АС Рома целосно застанува зад своите младински играчи и е згрозена од насилното и неоправдано однесување кое било сведочено на Виола Парк.
Очекуваме институциите да постапат решително за да обезбедат одговорност и да ги заштитат вредностите на италијанскиот фудбал“, стои во соопштението на Рома.
Кариерата на Заниоло оди во надолна линија откако се раздели со Рома.