На Буфон му здодеа: Доста е, ние не сме Шпанци, се срамиме од самите себе!

Поминаа две години откако Џанлуиџи Буфон стави крај на својата славна кариера и се повлече од професионалниот фудбал, а сега јавно ги критикуваше правецот во кој се движи италијанскиот фудбал.

Буфон остро го коментираше современиот пристап на италијанските тимови и селекции, оценувајќи дека традиционалните вредности на калчото се потиснати во втор план.

„Дваесет години се срамиме од тоа што сме. Дваесет години чувствувам како да мораме да играме како Шпанците. Се откажавме од нашата историја. Поради тоа исчезнува и талентот. Денес би им било срам да на терен стават фудбалери како Ферара или Канаваро. Киелини денес не би играл, затоа што нема доволно добро додавање“, изјави Буфон.

Тој укажа на тоа дека италијанскиот фудбал се обидува да се прилагоди на трендовите, на штета на сопствениот идентитет, што според него е погрешен правец.

Како пример го наведе полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Барселона и Интер.

„Одиш на „Камп Ноу“, плаќаш карта и очекуваш фудбал, но ние се обидуваме да играме со висока одбрана поставена во средниот ред цели 90 минути... Историските победи на Италија се засноваат на одбрана до смрт, на тактичка дисциплина и тимска кохезија. Сега како да се срамиме од тоа, како да нема да бидеме прифатени во фудбалската елита ако не играме по туѓи правила“, вели Буфон.

„Јас сакам да излезам на терен и да се обидам да победам. И нема срам во тоа што победуваме на свој начин“, поентираше легендарниот голман, упатувајќи јасна порака до новите генерации и фудбалските стратези.

Фото: Juventus FC/X