
Најдобриот стрелец во македонското првенство направи трансфер во вицешампионот на Романија
Напаѓачот заминува во својот нов клуб како најдобар стрелец во неодамна завршената сезона во македонското фудбалско првенство, со 15 гола. Член на Силекс беше претходните две сезони, за тој период одигра 71 натпревар, постигна 30 гола и 13 асистенции.
Освен за Силекс, во својата кариера Ѓорѓиевски играше и за Брера и Шкупи, но и во српското првенство за Вождовац и Раднички Пирот. Настапуваше и за младата репрезентација на Македонија за која одигра седум натпревари, но се уште го чека своето деби во сениорскиот тим.
Клуж ја заврши сезоната во романското првенство како второпласиран со 43 бода, девет помалку од шампионот Стеауа и ќе игра во квалификациите за Лигата Европа.